Зошто Валентин Никоски го мрази Св.Трифун и Св. Валентин? Нешто Конкретно S03E19

 

Во новото издание на „Нешто конкретно“ зборуваме за машко-женска комуникација, односно зошто различно толкуваме и слушаме, зошто постои тоа тешко разбирање меѓу двата пола? Гости ни се Давид Темелков, Андријана Алачки, Валентин Николовски и Бојан Кордалов. Со оглед на тоа дека неодамна беше празникот Свети Валентин, не издржавме да не го прашаме нашиот гостин Тино како се чувствува тој ден опкружен со сите оние мемиња што се креираат во врска со него и Трифун Костовски. На почеток се пошегува и рече дека не би сакал да зборува за тоа плашејќи се дека следната година ќе се засилат уште повеќе, но потоа искоментира дека тој ден го преспива за да не ги гледа сите оние монтажи со кој народот се забавува. Давид Темелков кој што живее во Хрватска и се ожени таму, на прашањето на кој јазик се расправа со својата сопруга рече дека кога ќе почнел на македонски тоа значи дека сите граници се поминати. Андријана Алачки, пак, смета дека мирот во куќата се постигнува кога има тенџере на шпоретот. Комуникологот Бојан Кордалов на прашањето кога потешко се разбира жена кога е во ПМС или во климакс, тој одговори: „Најтешко се разбира кога ќе добиеш реченица од типот - ти си знаеш“. Валентин Николовски и Андријана Алачки одиграа мала претстава во која тие ги имаат улогите на лут маж што молчи и жена што се обидува да дознае зошто тој молчи. Па погледнете како комуникологот Кордалов ја оцени нивната изработена задача. Дознајте и што е помоќно дали да кажеш извини или благодарам, како гласи повикот на кавга и што значи комуникацијата со очи. „Нешто конкретно“ се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма. 0:00 Интро 0:31 Најава 1:38 Најава на гостите 2:50 Комуникација меѓу половите 3:11 Книгата на Алачки 3:50 Аверзија кон денот на вљубените 4:53 Како се караат Македонец и Хрватица 5:48 Ручек за мир во куќата 7:04 ПМС или климакс 8:10 Кога е жената најлута 9:57 Мажот е најлут кога молчи 12:49 Мажот не треба да се лути 15:57 Мажите најчесто се извинуваат 17:24 Извинувањето не боли 18:02 „Благодарам“ е клучно за комуникација 19:42 Манипулацијата е составен дел од жената 22:16 Од жена може секој да биде изманипулиран 23:42 Колку пати во денот манипулира жената 24:45 Мажи плачат на филм и музика 25:34 Мажот од камено доба 26:33 И најмоќните жени имаат потреба од маж 27:25 Мажот и жената мора да се различни 29:05 Кавгата настанува за тоалетот 30:46 Најлесно за паровите е да се разделат 33:03 Проточен болјер ја смирува кавгата 35:26 Згодните девојки се гледаат низ наочари за сонце 40:05 Кој е вистинскиот подарок за жена 41:44 Подароци од нашите пријатели 43:48 Со жените само полека 44:04 Жените се супериорни 44:37 Почитта е темел за релација маж - жена 44:57 За добра комуникација мора да слушаме 45:29 Треба да се стави крај на насилството кон жените 47:24 Одјава