Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана“ девојките седнаа со Мартин Трпчевски познато ТВ лице и зборуваа на тема љубомора и чепкaње во телефони. Ја отворија темата кои партнери се љубоморни и зошто не им веруваат на партнерите. Мартин и Адријана се сложија дека со вистинскиот партнер нема да чувстуваш љубомора, додека Ивана остана на став дека таа ќе го провери телефонот на партнерот за секој случај. Таа дури на двајцата им одржа лекција како треба да се провери телефонот на партнерот, доколку имаат сомнеж. Уживајте во разговорот во кој се отворија многу теми и прашања како зошто сме љубоморни, која е причината за тоа и дали љубовта и љубомората одат едно со друго?