Ако не е мажена до 35 години, сигурно нешто и фали?!! Нешто Конкретно/Nesto Konkretno S03E05

 

Во новата епизода на „Нешто конкретно“ зборуваме за предрасудите кои важат за жените. Ако не се омажила до 30 сигурно нешто и фали, ако брка кариера и е успешна тогаш сигурно мрази мажи... вакви коментари и уште многу други сигурно сте слушнале за жените кои малку повеќе отскокнуваат од она „нормалното“ во нашето општество. Ние на оваа тема одлучивме да позборуваме со Мартин Трпчевски, стендап комичарката Ивана Наскова, Ирена Спасовска и Адријана Ацевска. Дали познатиот хит „Кеш“ на една од нашите најзгодни фолк пејачки дава погрешна слика за тоа каква е она вистински? Со оглед на тоа дека таа се прослави со гореспоменатата песна која беше многу остро коментирана, ја запрашавме Адријана како се носи со тоа и како им објаснува на луѓето дека она не е таа девојка за која што пее. „Ме болат коментарите кога зборат дека сум алчна за кеш, такви се луѓето мислат дека тоа што го пееш, го пееш за себе“ рече Ацевска и додаде дека уште еден живот да живее нема да се убеди со народот. Девојката која што за себе вели дека многу зборува, но и оти нашла начин како да го искешира тоа, Ивана Наскова, за својата машка публика ќе каже „ме гледаат како да сакаат да кажат што имаш ти да кажеш, ајде заиграј“. Комичарката и писателка нема проблем да биде со машко што пие коктел со цевче и носи розева кошула ако тој верува во својата машкост, а за лошите момци ќе вели дека тие се привлечни за жената се додека таа не созрее, после таа фаза се бараат фини момци. Ирена Спасовска смета дека помладите мажи сакаат постари жени. Таа вели дека според неа жените се прави змии, а што се однесува до нејзиниот избор за мажи никако не сака златни ланци, крстови и „ноктиња“. Во однос на прашањето зошто жените сакаат лоши момци, ставот на Ирена е дека жената си е досадна сама на себе па бара нешто да и е интересно во животот, да ја размрда, да ја упропасти. Мартин како единствениот претставник на посилниот пол одлично ја одбрани тезата дека жените самите си ги поставуваат стереотипите една на друга и затоа тие постојат. 0:00 Интро 0:19 Најава 1:14 Најава на гостите 3:20 Жените многу зборуваат 4:20 Како зборувањето да се наплати 5:11 Погледот е најбитен 6:10 Зошто жената не се прашува за години 7:00 Помладите мажи сакаат постари жени 7:33 Изгледот во однос на годините 8:50 Кеш 10:03 Мартин со комплименти за сопругата 11:19 Што е најсекси за една жена 12:12 Шпански серии 13:14 Љубовен статус на гостите 13:19 Каков маж би одбрала Андријана 14:53 Бред Пит или Аца Лукас 15:36 Бифтек или ќебапи 16:15 Која попрво ќе се омажи 18:30 Фини девојки 20:00 Фини момци 21:05 Годините и мажењето 24:27 Долги врски 25:02 Интуиција на маж 25:45 Како мажот и жената да ја создадат комфорт зоната 26:20 Годините си одат 26:55 Бракот е заедница 27:34 Жена која има повеќе мажи 28:33 Колку повеќе на контото толку пониска цена 29:29 Поговорки 33:44 Секоја жена сонува да облече бела венчаница 34:00 На сите жени им се допаѓа Бред Пит 34:29 Стандардите за маж на Ирена Спасовска 36:32 Совршен маж за Адријана 37:27 Матријлни вредности 38:17 Алфа мажи 39:33 Физичкиот изглед е секогаш битен 40:53 Нормален и приземен маж 42:00 Подароци 43:17 Кој да плати сметка на прв состанок? 44:35 Бракот не треба да е приоритет во животот 45:39 Мажењето е лично право на избор 45:56 Целата среќа не е во мажењето 46:20 Среќата е во вистинскиот партнер