Крмов од Титов Велес: Трудот на македонскиот народ, на македонскиот работник му е одземен!

 

КРМОВ ОД ВЕЛЕС: ТРУДОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НА МАКЕДОНСКИОТ РАБОТНИК МУ Е ОДЗЕМЕН, ДЕЛ ЛЕГАЛНО, ДЕЛ НЕЛЕГАЛНО Говорот на носителот во ИЕ 3 и пратеник на #Левица во Собранието на Р.Македонија - Борислав Крмов, во Титов Велес, на 18 Април 2024, прв ден од кампањата за Парламентарните избори: „Сања Лукаревска е една безлична политичарка, технократ, извршител и моментално командува со еден од столбовите на класната нееднаквост, а тоа е извршителот на даночната политика. Даночната политика на СДС кој го прифати рамниот данок на ДПМНЕ. Тука исто така најдиректно можам да му се обратам на Драган Ковачки, кој имаше образ да каже дека секој глас за Левица е глас за ДУИ. Човекот доаѓа од партија која со 63 пратеника не можеше да спроведе попис. Партијата која што се колнеше дека нема да коалицира со терористите. Партија која ги амнестираше хашките случаи. Партијата која што со 63 пратеника го стави Талат Џафери Министер за одбрана. Истиот тој Талат Џафери кој во најмала рака има давано команди да се убиваат припадниците на АРМ или лично ги има убивано. Ете толку тие имаат почит за македонската армија и македонскиот војник." #НеподмитливитеВоСобранието #НемаВладаБезЛевица #Заокружи5