Мојсоска: Нашата програма е радикална затоа што радикални се и условите во кои живееме!

 

#Левица во Изборна Единица 5 ја започна парламентарната кампања од Ресен, презентирајќи кампања која соддржи повеќе од 1000 радикални мерки! Нашата #програма ја толкуваме како радикална затоа што и радикални се условите во кои живееме! Во #Ресен се живее со судбината на секој град од внатрешноста, онаа болка од иселувањето на најдобрите кадри, што е резултат на погубните политики во изминатите триесет години. Продолжуваме со нашите цели, кои и претходно во Собранието на Република Македонија беа одбиени! Иако СДС претходните избори вети дека нивната Влада ќе овозможи гарантиран откуп на земјоделските производи, но кога токму пратениците на #Левица го предложи тој закон, владата на СДС и ДУИ тоа го одби! Заедно со проф. #Ванковска настапуваме со автентични барања, затоа што како работничка партија доаѓаме од широките народни слоеви, за разлика од останатите партии кои се во директна спрега со олигархијата која е со секоја партија на власт! #Заокружи5 #НемаВладаБезЛевица