Пандовски гостин во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“

 

Благоја Пандовски зборуваше на повеќе теми, вклучувајќи го и Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година, којшто беше објавен на крајот на јануари, а детално го објасни и начинот на оценување и рангирање на зејмите на ранг листата. Пандовски разговараше и за извештајот за Националниот систем на интегритет, за измените на Кривичниот законик, за правосудството, како и за други актуелни теми. Тој исто така објасни и која е улогата на Транспаренси Интернешнл Македонија во борбата против корупцијата.