02.04.1997, Градски стадион Скопје Натпревар во рамките на група 8 квалификации за светско првенство во Франција 1998. Прва голема победа над една искусна репрезентација, во официјален квалификациски циклус за светското првенство во Франција 1998. Македонија: Целески, Марковски, Николовски, Седлоски, Стојковски, Христов, Шаќири, Главевски, Гошев, Милосавов, Шаиноски (замени: Бегановиќ, Ѓорѓиoски, В.Мицевски) селектор: Ѓоко Хаџиевски Рапублика Ирска: А.Кели, Стонтон, Брин, Ирвин, Фелан, Кин, Мекатер, Меклоглин, Таунсенд, Каскарино, Гудман (замени: Онил, Харт, Д.Кели) Стрелци: Меклоглин 8', Стојковски 29', Стојковски 44', Христов 60', Кели 78' Овој натпревар ќе се памети по еден од најгрубите фаули во историјата на фудбалот, кога во самиот финиш на натпреварот Мекатер го "нокаутираше" Шаќири, предизвикувајќи лута реакција на нашите фудбалери, при што црвен картон покрај Мекатер, заработи и Стојковски. Вреди да се напомене и евро-голот на Христов и прославата на истиот.