На 28 Косар 2017 господово лето се одржа вечното дерби помеѓу Пелогонискиот великан за кого живот даваме и нашите лути ривали во одличен декор и амбиент на Македонските број еден Македонски најлојални навијачи познатите зелено бели воини - ЧКЕМБАРИ . А вечерта после утакмицата се славеше на Широк Сокак Титулата Купот на Македонија по втор пат. Ај да ни се множат. Чкембари се една од најстарите навивачки групи во Македонија која ги поддржува сите спортски клубови од Битола кои го носат името Пелистер. Со ФК Пелистер најголем успех им е освојувањето на купот во 2001, кога Пелистер стигна до третото кваликациско коло од купот на УЕФА каде биа елиминирани од шпанската Селта Виго. Како почеток на создавањето на Чкембари се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар, од Битола се упати навивачки караван од 21 автобус, организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци). Навивањето во Битола постоело од поодамна на сите спортски манифестации што се одржувале во Битола, но кога станува збор за организирано навивање и бодрење на Пелистер на секоја средба, тоа започнало со појавата на навивачката група во 1986 година кога биле создадени и првите зелено бели транспаренти на кои пишувало „Hell Boys“ (македонски: Пеколни момци) и „Green Conquerors“ (македонски: Зелени освојувачи).