Broadcasted on May 13, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15. Новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го посветуваме на двата политички настана што го одбележаа изминатиот викенд – почетокот на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“ за формирање нова влада и инаугурацијата на новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова. Соговорници, во две одделни интервјуа, ни се двајца директни учесници и сведоци на двата настана – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, Африм Гаши. Раговараме за реакциите од Грција и од Европската Унија за некористењето на уставното име од новоизбраната претседателка при чинот на давање свечена изјава и како тие (ќе) влијаат на преговорите за нова влада. Тема се и распределбата на ресори и најавата на Христијан Мицкоски за финансиски аранжман по принципот „влада со влада“ тежок една милијарда евра.