Некои Нови Клинци или пак слободно може да се каже Ѕвездите на денешницата на кои се пример на денешната младина. Активни на различни социјални мрежи, во тек со најновите светски трендови, но секој од нив се изразува на различен начин. Како и колку се заработува како инфлуенсер? Дали им беше тешко да стигнат каде што се денеска? Кој полесно може да стане инфлуенсер - Жените или Мажите? На овие и на многу други интересни теми разговараме со Александар Динев, Ксенија Деспотоска, Александра Шијаковска, Боби Битбокс и Дејвс Кичен. Следете ги следните 50тина минути забавен разговор во Нешто Конкретно со Снеже Велков.