Апасиев: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев! | Говор на народен собир во Титов Велес

 

Емотивниот говор на претседателот на #Левица - проф. д-р Димитар Апасиев, во Титов Велес, на 18 Април 2024, прв ден од кампањата за Парламентарните избори: „Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме... Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес. И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината. Да беше жив Рацин ќе ви речеше: "Да се плукне гадот валкан"! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне." #НеподмитливитеВоСобранието #НемаВладаБезЛевица #Заокружи5