Сега е Свет и Велик Пост - Ансамбл "Македонија"

 

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, кој отсекогаш бил и се' уште е центар на духовноста и културен двигател за нашиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов "Сега е Свет и Велик Пост". Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај. Тимот кој со голема љубов и посветеност работеше на видео записот, е во состав од: Режија и монтажа: Горан Костадинов Камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Дрон: Небојша Петревски Изведува Ансамбл „Македонија“ Искрено и топло се надеваме дека оваа богата композиција ќе допре до целата наша македонска јавност и ќе ги освои нивните срца, воведувајќи ги во прекрасната атмосфера на Великиот Пост. © Сите права се задржани Текст на песната: Сега е свет и Велик Пост Сега е свет и Велик Пост, сега се свети денови, Кога во црквите служат и свештениците пеат, Читаат "Свети Боже" и свето Евангелие; Кој го чита се спасува, кој го слуша се осветува, А кој го исполнува - во рајот влегува. Сега е свет и Велик Пост, сега се свети денови, кога со пост и со молитва, Христа Бога Го славиме, зашто Тој оди на страдање, за нашето спасение. Со Него да отидеме и вака да Му речеме: Спомни си за нас, Господи, во Царството Ти. English language: This past period, the Bigorski Monastery, which has always been and still is a center of the spirituality and a cultural promoter of our nation, was once again a site for a new video, this time for the first Lenten song (carol) titled “This is the holy and Great Lent”. What’s most interesting is that this video with its unusual screen script tells an old story which, as we strongly believe, would certainly make the entire orthodox nation proud of its legacy, especially the Miyaks, i.e. those who live in or originate from the renowned Miyak area. The team who committed themselves with great effort and love to make this video consists of: Director and montage: Goran Kostadinov Camera: Alexander Ivanovski, Christian Teodorov Drone: Nebojsha Petrevski Interpretation: Ensemble “Macedonia” Huge gratitude to all of them. We sincerely hope that this rich composition would reach the entire public and win their hearts, slowly introducing them in the wonderful atmosphere of the Great Lent. © All rights reserved Lyric: “This is the holy and Great Lent“ This is the holy and Great Lent, the holy days are now, When the people go to church, and the priests chant, They read “Holy God” and the Holy Gospel; Those who read it will be saved, those who listen are sanctified, And the one who fulfills it – enters the gates of Heaven. This is the holy and Great Lent, the holy days are now, When with fasting and praying, we celebrate Christ our Lord, For He goes to take passion, for our salvation. Let us all go with him, and eagerly tell Him this: Remember us, dear Lord, in the Kingdom of Yours!