Гоце Арнаудов - Проклети да се предавниците + текст

 

Гоце Арнаудов - Проклети да се предавниците Текст: Ноќта падна, јунак затропа, во куќата на својот побратим. Добредојде тој му рече, биди гостин цела вечер, Господ рака да ти позлати. Седни тука софра закити, еј, јунак голем, како планина. Запеј песна, налеј вино, да те памти вечно синот, јас ќе одам, коњ да донесам. x2 Проклети да се предавниците, својот народ што го продале. И во гробот штом ќе лежат, тие пари да им тежат, како казна, Божја пресуда. Проклети да се предавниците, својот народ што го продале. Пиреј да им расте в душа, усти да им гризе суша, светот да ги колне довека. Душман дојде, жив го фатија, за парче злато брат го предаде. Ниту викна, ниту пукна, в лице брата тој го плукна и во ноќта црна замина. x2 Проклети да се предавниците, својот народ што го продале. И во гробот штом ќе лежат, тие пари да им тежат, како казна, Божја пресуда. Проклети да се предавниците, својот народ што го продале. Пиреј да им расте в душа, усти да им гризе суша, светот да ги колне довека. Како казна, Божја пресуда.