Кога кај Снеже во емисија влетаа гајдаџика и тапанџија Nesto Konkretno S03E27

 

Празнично расположени, јајцата исфарбани, домашната пита испечена и носијата спремна - како што треба да ги пречекаме нашите гости на тема карактеристики на Македонките и Македонците токму на ден Велигден. Не сме прави Македонци ако во некоја тегла од Мајонез не чуваме некаква зимница, не сме ние вистинските ако во пластична кутија од Еурокрем не чуваме сарми и не сме Македонци ако не свадба не го заиграме нашето оро, така велат. Колку од вас од своите мајки ја слушнале реченицата „јас те родив, јас ќе те решам“? Ако се пронајдовте во сите овие македонски карактеристики повелете изгледајте ја емисијата доколку с уште не сте го сториле тоа и да видиме што уште го прави Македонецот вистински Македонец. Гости ни се Симон Поликарп - Џими, шеф Марк Де Јонг, Зоран Кузмановски - Брко и Елена Јовчевска, па да видиме како ние изгледаме и во очите на странците. Знае ли Џими што се тоа уроци или пак дали некогаш го фатило промаја? Тој ќе каже дека на почетокот не знаел и се чудел зошто луѓето се плашат од таа промаја, но после сфатил, промајата го фатила и официјално станал Македонец . Тој исто така смета дека Македонија е библиска земја и оти ние не треба да се плашиме од уроци. Слично искуство со промајата имал и шеф Марк така да можеме да заклучиме дека промајата е една од нашите заштитни знаци. Добро... и колекцијата на ќеси во ќеси исто така.